Системот за контрола на пристап е многу важен за личностите кои сакаат да обезбедат важни, доверливи и вредни информации и опрема. Контролата на пристап претставува електронски клуч спрегнат со механичко заклучување и современи информатички технологии. Системот функционира така што на одредени личности во дефинирани временски периоди дозволува отклучување на врата од канцеларија, магацин, користење на лифт и др. Секое поминување на таа личност автоматски се евидентира. Во периодот надвор од работното време, системот автоматски забранува влез. Употребата на овој систем е многу едноставен. За идентификација на личноста може да се користи: Картичка, привезок, далечинска команда, мобилен телефон, отпечаток на прст, пин код или препознавање на лица. Системот за контрола на пристап може да се користи и за евиденција на посетителите на клубовите.

Read 7615 times

Leave a comment

Make sure you enter the (*) required information where indicated. HTML code is not allowed.